Опис
Едностепена автоматска вакумска пумпа VORTEX AUTO 050
VORTEX AUTO 050 е електрична автоматска вакуумска пумпа за чиста вода до 90°C, со проток до 2400 l/час и висина на подигање до 36 m. Идеална за домашна употреба, дистрибуција на вода во куќи, станови и викендички, како и во соларни системи.
VORTEX AUTO 050 FLOMATIC AMEGA е напредна автоматска вакуумска пумпа произведена во Турција, специјално дизајнирана за дистрибуција на чиста вода во домаќинства и помали објекти.
Со моќност од 370 W, оваа пумпа обезбедува проток до 2400 литри на час и висина на подигање до 36 метри, што ја прави одлична за напојување на цел дом – бањи, кујни, машини за перење, бојлери и сл.
Пумпата е погодна и за:
куќи и станови со слаб притисок
викендички
соларни системи за топла вода
системи каде е потребна автоматска контрола на притисок
Моторот е изработен од 100% бакар, со квалитетен механички заптив и месинг работно коло, што обезбедува долг работен век. Пумпата има 12 месеци гаранција и достапни резервни делови и сервис.
| Спецификација | Вредност |
|---|---|
| Модел | VORTEX AUTO 050 FLOMATIC AMEGA |
| Тип на течност | Чиста вода |
| Употреба | Домашна употреба |
| Тип на пумпа | Едностепена автоматска вакуумска пумпа |
| Моќност | 370 W |
| Проток | до 2400 l/час |
| Висина на подигање | до 36 m |
| Длабочина на вовлекување | до 9 m |
| Макс. температура на вода | до 90°C |
| Филтер заштита | до 5 микрони |
| Напојување | 220 V (монофаза) |
| Гаранција | 12 месеци |












































































